Судот одреди мерка куќен притвор за Стевчо Јакимовски


Судот му одреди мерка куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата „Илинденска“.

Пред судија на претходна постапка, заедно со Јакимовски, денеска беа изведени и лицата Т.Ѓ. во својство на раководител на Одделение за недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности во Сектор за правни работи на општината и В.С. во својство на виш соработник во Одделение за спроведување на урбанистички планови во Сектор за урбанизам.

– Одбиен е предлогот за одредување мерка притвор за лицето Т.Ѓ. бидејќи од страна на СЈО во предметот „Топлик“ веќе му се определени мерки на претпазливост, а согласно ЗКП не може да се определи мерка притвор на веќе определена мерка на претпазливост. За лицето В.С е одбиен предлогот за притвор и определени се мерки за претпазливост. Кај сите тројца обвинети определените мерки се бидејќи се исполнети условите од член 165, став 1 точки и еден и два, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

Судот дополнително треба да се произнесе за останатите шест лица, за кои постои основано сомневање дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, а надлежниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице или државен орган и привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ (62), В.С.(43), М.Т. (59) и Р.Д. (60) сите од Скопје, поради постоење сомнение за сторено кривично дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1