Судот во Стразбур ќе утврдува правни повреди на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство.. Нивните адвокати потврдуваат дека поднеле повеќе жалби, а пет се веќе прифатени од Европскиот суд за човекови права.. Засега нема информации кога судиите ќе ги разгледуваат овие барања.. Од Стразбур, за Макфакс потврдиле дека има жалби од Македонија за предмети на СЈО но без детали кога ќе се анализираат..
„Судот прими пријави од апликантите кои кривично ги гони Специјалното Јавно Обвинителство. Сите пристигнати жалби се индивидуални и се за различни правни повреди..
Неофицијално, една од жалбите се однесува на одлуката, бомбите да бидат доказ во судските постапки на СЈО.
Според одбраната на обвинетите во предмети кои ги води СЈО, жалбите поднесени до Стразбуре се однесуваат на различни повреди на Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи.. Тие потсетуваат дека согласно измените во законот за судови, предвидена е одговорност за судии доколку не ги почитуваат пресудите на на Европскиот суд..
Инаку токму на европската пракса се повика Врховниот суд во Атина за екстрадицијата на екс разузнавачите Грујевски и Бошковски.. Судот одби да ги предаде на македонските власти образложувајќи дека веќе амнестирани лица не може повторно да им се суди за истото дело..
Сопирање на судските постапки поради аболицијата на Иванов, адвокатите на обвинети во предметите на СЈО бараат и од домашните судови.. Според нив доколку постапките добијат судска завршница, со сигурност ќе паднат пред Европскиот суд за човекови права..