СУДСКИ ПОЛИЦАЕЦ ГО ТУЖИ ГЛАВНИОТ СУДИЈА ЗА МОБИНГ


Судскиот полицаец Аце Поцев, го тужи претседателот на Основниот суд во Радовиш за мобинг и психичко малтретирање на работното место.

POCEV_I_ADVOKAT

По поднесувањето на неговата тужба во Основниот суд во Струмица се одржа првото рочиште, на кое сведоци на тужителот сведочеа пред судијата, пренесува Телма.

-Сметаме дека веќе на наредната главна расправа истиот предмет ќе биде завршен и ќе оставиме  судот да цени, а со тоа сметаме дека со тоа ќе биде утврден мобингот од страна на претседателот на Основниот суд од Радовиш, односно психичкото малтретирање на работното место врз судскиот полицаец Аце Поцев, вели адвокатот Љупчо Јорданов.

Во македонските судови во тек се повеќе постапки по тужби за мобинг, но се уште не е донесена правосилна судска одлука. Според експертите докажувањето на мобингот е многу тешко, но адвокатот на судскиот полицаец смета дека Основниот суд во Струмица мора да утврди дали е вршен мобинг или не.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1