Супер-тајфунот срамни цел град на Фиипините -120 жртви (Видео/Фото)


Една од најсилните бури во историјата, супер-тајфунот Хаијан однесе најмалку 120 животи на Филипините, но локалните власти стравуваат дека бројот на жртви ќе биде многу поголем.
tajfunНајпогоден е градот Таклобан каде речиси сите куќи во градот се уништени и „секое дрво во градот е преполовено“.
Војската и итните служби отпочнале акција за спасување, но работата драстично им е отежната бидејќи бурата ја отсекла струјата и телефонските мрежи во најзагрозените области, како и тоа што аеродромите се тешко оштетени.
Ударите на ветерот во текот на денот достигнале и 379 километри на час, а брановите кои удирале на брегот биле високи и до 15 метри.
 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1