Разводот на најславниот холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит и понатаму е централна тема во славните кругови.
Поранешната двојка и неколку недели по разидувањето ја користи секоја прилика да си напакостат еден на друг, а најсилниот удар дефинитивно го зададе Анџелина. Имајќи предвид дека децата останаа да живеат со неа, решила да му го загорчи животот на Бред, ни малку ни повеќе туку на – Божик!
Бред барал дозвола претстојниот празник да го помине со нивните шест деца, што му е и овозможено, но само на четири часа.
Анџелина (41), која со децата живее во изнајмена куќа на плажа во Малибу, му порачала на Бред (52) дека може утрото да ги донесе божикните подароци, но дека мора да го напушти имотот во раните попладневни часови.