Српската водителка Сузана Манчиќ одлучила да ги открие своите најинтимни тајни. Поранешната „лото“ девојка признала дека имала секс на најнеобични места, а дека најдобар оргазам доживеала на скалите.
Сузана открила дека пробала секс во сено, море, на хауба и на нива, но најубави спомени и буди сексот на скалите.
– Имав баш добар секс на скалите. На сите тоа им го препорачувам бидејќи ми беше многу возбудливо и страсно. Ништо не ми пречеше, ништо не ме „боцкаше“, толку беше убаво – искрено рекла Сузана.
Иако, како што вели, повеќе не може ниту да се сети каде се имала секс, тврди дека оној во креветот е најдобар, но и додава дека се разочарала од сексот во вода.
– Мислев дека сексот во море ќе биде добар. Но беше потполно без врска. Воопшто не е она што го очекував. Немав на што да се потпрам, се давев, ништо не е како во филмовите – рекла Сузана за српски „Информер“.
Сузана истакнува дека најдобар секс имала помеѓу 40-тата и 50-тата година и смета дека жените тогаш се сексуалнао најмоќни бидејќи тогаш го завршиле оној „задолжителен“ дел кој го прават децата и кариерата, а се свесни дека младоста заминува.
– Можеби за денешните поими сум премногу традиционална. Денес луѓето се заситени од нормалните емоции, еротиката и сексот. Потребно им е тоа да го прават во тројка, четворка, на покрив… А кога некого сакате, креветот е закон – смета водителката.