Сведоштва на преживеаните после страшниот земјотрес: Од рушевините се слушаат повици за помош, половина град исчезна


Местата се уништени, а многу луѓе ги загубија своите животи.

„Вистинско чудо е што се спасив, затоа што пред земјотресот се разбудив и станав за да одам на работа. Работам како хигиеничар и само што станав од креветот, земјата започна да се тресе. Десет секунди беа доволни за сè да се уништи“, раскажува за италијанска „Република“, Марко од Аматриче кој што живеел во историскиот дел од градот, на улицата Костанцо Анџелини.zemjotres

„Се сеќавам на земјотресот во Аквила. Тој траеше долго, а тука сè се случи за само неколку секунди“, раскажуа Марко.

„Беше страшно, мојот сопруг скокна низ прозорот со нашата ќерка за да ја спаси“, раскажала за италијанските новинари една од преживеаните од Арквата Дел Тронто.

Земјотресот со магнитуда од 6,1 се случил во 03:36 часот и се почувствувал во поширокиот појас на централна Италија, вклучувајќи го и главниот град Рим. Епицентарот бил недалеку од Перуџа, а најпогодени биле селата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата Дел Тронто.

„Се слушаа гласови од рушевините: Помош, помош! Моите родители се повредени, но за среќа се живи“, раскажала млада жена која што чекала да ѝ биде укажана лекарска помош во болницата во Асколи.

Две момчиња биле спасени откако нивната баба ги сокрила под креветот. Така успеале да извлечат жива глава од тешко погодениот Арквата Дел Тронто, место кое што е речиси целото уништено. Браќата на четири и седум годишна возраст, за време на летниот распуст престојувале кај својата баба, која што спасувачите се обидувале да ја извлечат од рушевините.

„Беше тоа вистински кошмар. Се разбудивме во 3:35 кога мебелот започна да паѓа на подот, а ѕидовите се помрднуваа до еден метар. Успеавме за кратко време да излеземе од куќата, а некои на улиците беа излезени само по долна облека. На плоштадот запаливме оган за да се загрееме, а останатите започнаа потрага по заробените кои што не успеаа да излезат на време од куќите. Се обидов да ѝ се јавам на мојата мајка, но телефонските линии беа во прекин“, изјавил жител на Аматриче.

„Од 3:36 не можам да престанам да плачам, премногу сум исплашена“, напиша на својот профил на Твитер, извесна Елиса: „Се разбудив затоа што татко ми влезе во мојата соба викајќи сите да излеземе надвор. И мајка ми викаше по мене. Цела ноќ ја поминав на улица, се плашев да се вратам во мојот дом“.

„Сите стари куќи се срушени. Глетката на главната улица е страшна. Успеавме да го извлечеме тракторот за да можеме да ги расчистиме улиците. Побегнав полугол. Сега се обидуваме да организираме некаква помош за нашите соседи“, сведочи Валерио за италијанските медиуми.

Според последните информаци кои што ги пренесуваат италијанските медиуми, најмалку 38 лица го загубиле животот. Билансот на жртвите, за жал, веројатно ќе продолжи да расте затоа што операциите за спасување и натаму траат во повеќе мали градови и села во централна Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1