Ема Руштон, жена, која присустувала на божикниот базар во Берлин во моментот кога меѓу насобраните влетал камион тврди дека сигурно не се работи за несреќа, пренесува „Скај њуз“.
– Не беше несреќа. Возеше со 60 километри на час и тоа право на базарот. Не е можно случајно да се свртел од улицата бидејќи не покажуваше никакви знаци на намалување на брзината – објаснува таа.
Ема продолжува:
– Седевме и пиевме и потоа се слушна гласно пукање, видовме како дел од сијаличките се влечат надолу, а потоа видовме како камионот вози низ луѓето и едноставно ги повлекува надолу. Многу луѓе врескаа – раскажува жената.
Друг сведок Мајк Фокс вели дека камионот влетал во базарот и дека го промашил само за три метри.
– Дефинитивно беше намерно – вели Фокс.