Пред да избие страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, а 12 се хоспитализирани, лекар се обидувал да реанимира пациент, потврдува за „Слободен печат“ негов колега од раководството на тетовскиот ковид-центар кој сакаше да остане анонимен.
Како што дознаваат од порталот од свои извори,лекарот кога забележал дека има некој спој додека го користел дефибрилаторот, апарат за реанимација.
– Колегата забележал чад по што се јавил во техничката служба. Потоа ме известија и мене и додека стигнавме од другото одделение, за три-четири минути, го видовме пожарот. Не знам дали и дрво може толку брзо да изгори. Се се случи за пет минути. Сите стигнавме за кратко време. Таму беше хаос. Колегите пробале да спасат некои пациенти, извадиле надвор неколкумина. Некои роднини кои седеа надвор успеаја да ги спасат своите. Ние критикуваме што роднините се внатре, но тие и да не се внатре, сите се околу болница. Ние овде сме сите фамилијарно поврзани. Мене ме извести докторот дека при работа со дефибрилаторот забележал како да има некој спој, слушнал од под креветот. Од техничкиот персонал веднаш побара да се дојде во модуларната болница. Во исто време забележал и пламен, чад и така се тоа почнало, изјави докторот за „Слободен печат“.