СВЕДОШТВО: Се правев дека сум мртва и лежев во локна крв


Во петокот вечерта во Париз на коцерт се собраа фаноците на групата „Eagels od death metal” .

Забавата ја прекинаа рафалите кои усмртија над 100 луѓе, а меѓу преживеаните и Изобел Боудери, која над сликата од својата крвава маица го опиша своето искуство.thumb460_80602_devojka-majica-pariz-foto-printscreen-fb-1447586091-784747

Нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост.

 

“Никогаш не би помислиле дека тоа ќе ви се случи вас. Беше петок навечер и имаше рок концерт. Се беше весело, сите пееја и убаво си поминуваа. Одеднаш влета еден маж на главниот влез и почна да пука, а ние наивно мислевме дека тоа е дел од програмата. Тоа не беше терористички напад, тоа беше масакр.

Десетина луѓе пред мене беа погодени со куршуми. Локви крв течеа по подот. Криците на мажите кои ги гушкаа своите мртви девојки, ја надгласија музиката. Целосно шокирана и сама, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час, лежејќи меѓу безживотни тела.

Понекогаш прекинував и да дишам, се трудев да не се помрднам и да не плачам. Имав неверојатна среќа што преживеав. Ама многу ја немаа. Луѓето кои беа таму од иста причина – да се забавуваат на концерт, се невини жртви. Светот е суров.” – вака го опишува девојката своето искуство во терористичките напади во Франција.

Нејзината фотографија има 1 500 000 лајкови како знак на поддршка од многу луѓе низ светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1