Владимир Марјановиќ, свекор на убиената пејачка Јелена, излегол пред полициската станица на Улицата 29. ноември и на новинарите им рекол дека медиумите се виновни за се, дека тие му помагаат на убиецот и дека неговото семејство не е виновно.
Тој излегол и заминал во непознат правец.
За потсетување, Зорица денеска околу 10 часот отишла во полициска станица на сослушување, во придружба на двајца инспектори. Досега, таа нема дадено изјава, па можно е да е пратена на полиграфско тестирање.
Јелена најпрво била опиена со некое силно сретство, па потоа била убиена, наверојатно со мотика, открива српски Курир.
Исто така порталот открива дека Јелена на почетокот се обидела му се спротистави на напаѓачот, не го гребела, туку го мавала со тупаници, па поради тоа под нејзините нокти не се пронајдени траги од убиецот.