Црквата во 80-те игнорираше голем број на докази за тоа дека Сирсон злоставувал деца и не го отстранила од должноста.
Кардиналот Џорџ Пел изјави дека кралската комисија за злоставување на деца како намерно не му се откриени информации за свештеникот педофил кој ги терал децата да за време на исповедта клечат меѓу нозете и кој со штрафцигер прободел птица пред учениците.
Пел е еден од свештениците педофили од 1970-те години кој сведочеше преку видео повик од Рим. Испитувачот Гејл Сирсон се фокусирал на свештеникот парохија Доветон, Питер Сирсон, кој Пел го опишал како еден од најнеугледните луѓе кој некогаш го запознал.
Црквата во 80-те игнорираше голем број на докази за тоа дека Сирсон ги злоставувал децата и не го отстранила од должноста.
Шефот на Комисијата Питер Меклелан изјави како до 1993 година сите свештеници во близина на Сирсоновата пархија им било јасно како тој човек е сериозен проблем и дека поради тоа не треба да биде свештеник.
„Го прифатив ставот, службениот став, за тоа како немаме доволно докзи за да го отстраниме од должноста“, изјавил кардиналот Пел.
Меѓу обвинувањата за Сирсон се наоѓал и следниот исказ: Држел оружје во школото, покажувал мртво тело во ковчег на децата, сексуален контакт со децата, иживување кон животните и допирање на девојчињата, со зборовите „ Ако се помрднеш, ова ќе го забијам во тебе“, Обвинет за присилување на децата да клечат меѓу неговите колена и да му седат во скут за време на исповедта, а исповедта ја снимал.
Пел Сирсоновото однесување го нарекол ужасно, но соопштил и дека не знаел дека тоа се случува во тоа време. Додал дека и Канцеларијата за католичкото образование го измамила и дека не го информирале за се.
Испитувачите изјавија дека е скандалозно што Црквата не реагирала на информациите.
„Ја информиравме полицијата, тие истражија се, но не можеа да продолжат со случајот. Речено ни е дека ништо не можеме да направиме. Не сум сигурен кои беа точно причините во позадината на ваквата одлука.