Свештеник тврди дека се сретнал со Господ


Католички свештеник од американсакта сојузна држава Масачусетс, кој бил клинички мртов дури 48 минути пред да го реанимира екипа на брзата помош, тврди дека доживеал искуство кое ќе промени се во што веруваат верниците.

Џон Мајкл О’Нил (71), тврди дека во тие 48 минути „отишол во рајот“ и таму „го запознал Господ“, кого го опишува како „топла и утешна мајчинска фигура“.svestenik

О’Нил бил итно пренесен в болница на 29 јануари, по тежок срцев удар, и набрзо по пристигнувањето во клиниката е прогласен за клинички мртов.

Со помош на уредот наречен „ЛУЦАС-2“, кој ја насочувал крвта кон неговиот мозок, лекарите во Општата болница во Масачусетс успеале да ги деблокираат виталните артерии и да воспостават нормален ритам на отчукувањето на срцето.

Лекарите се плашеле дека долготрајната клиничка смрт ќе остави последици на неговиот мозок, но изгледа О’Нил успешно закрепнува.

Свештеникот тврди дека јасно се сеќава на се што се случило додека бил клинички мртов.

Тој опишува необично надприродно искуство на „интензивно чувство на бескрајна љубов и прифаќање, кое го почуствувал додека го опкружила светлина“.

Тврди дека во тој момент „отишол во рајот“ и се „сретнал со Господ, кого го опишува како „женско, мајчинско суштество на светлината“.

– Нејзиното присуство беше неверојатно и утешно. Имаше мек и нежен глас, а нејзиното присуство беше охрабрувачко како мајчинска прегратка. Фактот дека Господ е „Света мајка“, а не „Свет отец“ ниту малку не ми пречи, напротив таа е се што се надевав дека ќе биде, дури и повеќе од тоа, изјави О’Нил, додавајќи дека ќе продолжи да ја шири приказната за „Светата мајка“.

– Сакам да продолжам да проповедам. Сакам да го споделам моето ново сознание за Мајката, Синот и Светиот Дух, со сите католици и христијани. Господ е голем и семоќен и покрај тоа што е жена, тврди свештеникот.

Римокатоличката надбискупија Бостон, кон која О’Нил тврди дека и припаѓа, се огради од оваа приказна.

Нејзиниот потпарол Теренс Данилон изјави дека О’Нил не е еден од нивните свештеници и дека мисли оти неговата приказна не е вистинита, пишува британскиот „Метро“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1