Марковден во некои места во Македонија се празнува од минатато. Се верувало оној кој денеска ќе погреши и нема да го испочитува апостолот Марко ќе го стигне казна од силно невреме и громови кои ќе му го уништат имотот.
Затоа на овој ден земјоделците не смееат да работат на своите ниви.
Овој ден се смета за одмор и молитви. Оваа традиција се пренела и не останала занемарена – денска никој не треба да работи бидејќи се верува дека свети Марко оди по светот со корпа полна со град, па на оној кој ќе работи ќе му испрати невреме кое ќе го прати во текот на целата година.