Светот се збогува со Нелсон Мандела (Видео-Живо)


nelson mandela

На стадионот во Јоханезбург започна комеморацијата во чест на Нелсон Мандела. Нелсон Мандела почина во четвртокот на 96-годишна возраст.

 Јужна Африка поради смртта на Мандела прогласи десетдневна жалост.

Околу 95 илјади луѓе, дојдени од сите страни на Јужна Африка, како и политички лидери на безмалку 90 земји од целиот свет, присуствуваат на службената комеморација.

Голем број претседатели на држави и влади веќе допатуваа во Јоханезбург, меѓу нив се американскиот претседател Брак Обама, кој допатува заедно со сопругата Мишел, а во авионот бил и неговиот претходник Џорџ Буш.

Пристигнаа и францускиот претседател Франсoа Оланд, како и неговиот претходник Никола Саркози. Таму е веќе и британскиот премиер Дејвид Камерун.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1