Социјалната мрежа Фејсбук е дел од секојдневието на целиот свет, но почнаа да кружат гласини дека нејзиното користење ќе почне да се наплаќа.
Сепак, станува збор за лажна вест објавена од неколку странски медиуми.
National Report пишува дека почнувајќи од 1 ноември годинава, за користење на Фејсбук ќе се наплаќа по 2,99 долари, односно 143 денари.
Сепак, Фејсбук нема да наплаќа никаква претплата за користење, но сеедно, веста го потресе светот.