5 март 2016 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува јавен повик за мирен протест пред Министерството за внатрешни работи во Скопје на 5 март 2016 година (сабота) во 13 часот.
СМК од протестот ќе упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на Крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела.
СМК, исто така, апелира до Министерството за внатрешни работи да ја отстрани блокадата од група Албанци предводени од дел на раководството на ДУИ на кружниот тек кон Градските гробишта и да обезбеди нормален сообраќај за верниците кои одат на гробовите за големиот христијански празник Задушница