Паркинг и улица во изградба се урнаа во јама ископана за изградба на нова зграда во скопската населба Аеродром вечерва. Поради невремето улицата која е во изградба и поминува паралелно со булеварот „Трета македонска бригада“ се наполни со вода, по што за кратко време водата почна да претекува во ископината на градилиштето.