СЗО алармира: По еболата, нов вирус му се заканува на светот


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека во Африка повторно се појави марбург вирусот, кој припаѓа на истото семејство вируси, како и еболата.ebola-virus-03

Првиот потврден случај на заболен од марбург вирусот бил во септември во Кампала во Уганда. СЗО наведе дека појавата на тој вирус е „невообичаена и неочекувана“.

Последната епидемија од марбург вирусот позната како марбуршка вирусно-хеморагична треска во Уганда беше од јули до август 2012 година, при што 20 лица беа инфицирани, од кои деветмина починаа. Оттогаш не е регистриран ниту еден случај .

Вирусот се пренесува со директен контакт со крв, телесни течности и ткиво од инфицирано лице, а симптомите се висока телесна температура и окмалаксаност .

СЗО предупредува дека марбург вирусот може да предизвика голема епидемија, како и еболата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1