Мобилниот оператор „Т-Мобиле“ информираше дека неизвршен член на Одборот на директори на компанијата нема право да дава налози за постапување во секојдневното оперативно работење на компанијата.
Соопштението од „Т-мобиле“ е реакција на информациите изнесени на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, минатиот петок, во врска со исклучување на телефонски број, наводно, на барање на член на Одборот на директори.
„Т-мобиле Македонија без исклучок ги гарантира сите права на корисниците, кои им се пропишани според законот за електронски комуникации“, се вели во соопштението на компанијата.