Таа е најмладата милијардерка на светот и може да ја промени медицината засекогаш


Елизабет Холмс, најмладата милијардерка во светот,  не се појавува често во медиумите. Всушност, додека многу сопственици на компании едвај чекаат да бидат во медииумите, Елизабет, која е родена во 1984 година, е многу таинствена околу своите револуционерни технологии за тестирање на крвта.

„Бизнис Инсидер“ ја рангираше на првото место на листата на најистакнати луѓе во Силиконската долина. Нејзината фабрика „Теранос“ би можела го промени светот на медицината засекогаш.elizabet-holms1

Таа беше 110-та на листата на „Форбс“ за 2014 година, а една година подоцна се најде на првото место како најбогата жена во САД со имот чија вредност се проценува на 4,7 милијарди долари.

Уште во средно училиште, Елизабета го совлада мандаринскиот  јазик и почнала да тргува со кинеските брокери. Во текот на студирањето хемијата на Станфорд е регистриран првиот патент на нејзинио име, по што таа го напушта факултетот.

Од своето основање во 2003 година, „Теранос“ измисли  тестови на крвта кои брзо и ефикасно може да откријат десетина заболувања и состојби, кои се движат од  висок холестерол до рак, а доволно е само една капка крв.

Често ја споредуваат со Стивен Џобс, а за „Меркјур Њуз“ таа изјави дека започнала да размислува за тоа што е најголемата промена што може да му ја подари на светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1