Табла „Republika e Shqiperisë” е поставена во библиотеката во НУ Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.
На таблата има натпис само на албански јазик со знамето на Албанија.
Реакција има од вработените во Центарот за култура „Кочо Рацин“, но и од посетителите кои сметаат дека станува збор за провокација и кршење на законите, бидејќи таблата не е двојазична.
Мазлам Османи, директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“ за А1он изјави дека станува збор за грешка која ќе биде поправена и дека за ова е надлежна општината.
Таблата била поставена во средата, а незадоволството кај посетителите трае од поодамна затоа што, како што велат тие, се избегнува стоењето на називот на установата Кочо Рацин.
Во врска со информацијата за поставената табла во билиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево на која само на албански јазик е напишано “Republika e Shqiperisё”, со знамето на Албанија, а која води кон дел од библиотеката каде граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија, Министерството за внатрешни работи информира дека веќе презеде мерки согласно своите надлежности и за случајот е известен Јавен обвинител од надлежното Основно јавно обвинителство.