Никола Груевски и Али Ахмети се договориле за Влада и тоа е единствената вистина, рече лидерот на ДПА во оставка, Мендух Тачи. Тој рече дека Ахмети побарал поддршка на таа Влада од Алијансата за Албанците, а договорен бил и претседател на Собранието Албанец.
Тој ги отфрли шпекулациите дека дал поддршка на Ахмети и рече дека од него побарал оставка поради катастрофалниот резултат.
Тачи додаде дека нема да даде поддршка на ниту една Влада и дека во секој случај ќе остане опозиционер и кажа дека имал неформални средби со сите освен со Ахмети.