Претседателот на ДПА Мендух Тачи не гласаше на локалните избори бидејќи неговото име го немало во избирачкиот список на избирачкото место во Стара градинка, Тетово, додека неговата сопруга и двајцата синови беа во избирачкиот список и го исполнија своето гласачко право.
Мендух Тачи покажа биометриска патна исправа и рече дека и покрај тоа што има биометриски документ за идентификација, според неговите информации, Секторот за внатрешни работи-Тетово не го известил Државниот завод за статистика дека тој поседува патна исправа и затоа не е во избирачкиот список.
Izvor – Kurir