Тачи: По средбите со Хајндл и со Нуланд, ќе се знаат решенијата за излез од кризата


По средбите на македонските политички лидери со германскиот специјален преtставник Јоханес Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе станат поизвесни. Ова го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на брифинг со новинарите, синоќа, по прославата на годишнината на неговата партија, која се одржа во Тетово, јави агенцијата Мета.taci71

Тачи изјави дека меѓународниот фактор треба да заземе поцврст став кон решавањето на кризата.

– Странските претставници кои посредуваат во решавањето на кризата треба да имаат поцврст став, да не ги толерираат разните барања и желби на политичките партии. На тој начин ќе се постигне решение и ќе се стави точка на кризата. Но, тие се претпазливи и ги толерираат политичките партии, за да не излезат на површина меѓуетничките прашања, кои како вистински проблеми уште повеќе би ја продлабочиле кризата во земјава – изјави Тачи.

Лидерот на ДПА смета дека спорните 42.000 гласачи кои не биле најдени за време на теренската проверка се злоупотребуваат од ДУИ и се ставаат на нивно гласачко конто за време на изборите

– Се работи се гласови кои ДУИ со чист фалисфикат ги злоупотребува за време на изборите и ги користи како свои гласови. Затоа, овие гласови, според препораките што ги добиваме од експерти, треба да бидат избиришани – рече Тачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1