Лидерот на ДПА Мендух Тачи, прогласи убедлива победа на кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на неговата партија, Зијадин Села.
Според Тачи, партијата ќе се обиде во вториот круг да го добие Тетово. Лидерот на ДПА истакна дека од позиција на длабока опозиција на партијата и било многу тешко да оствари подобар изборен резултат и истакна дека за разлика од претходните локални избори сега, ДПА има 21.000 гласови повеќе.
Нова тв