Тага и после 5 години: Станот на починатата пејачка стои недопрен


Поминаа пет години од трагичната смрт на познатата српска пејачка Ксенија Пајчин и  нејзиното момче, манекенот Филип Каписода.Ksenija-Pajcin-630x422

На 16. март 2010 година Филип со огнено оружје ја усмрти пејачката, а потоа со истиот пиштол самиот си пресуди.

Мајката на Ксенија, Љубица, и кумот Бане Девиќ до ден денес одат во станот на Вождовац каде се случи трагедијата.

-Љубица се бори како мора бидејќи ја изгуби единицата што ја сакаше најмногу. Не знам каде пронаоѓа сила, но турка некако. Станот во кој живееше Ксенија никој не го користи. Љубица оди од време навреме за да го проветри и очисти.Секоја работа и фотографија се на местото како ноќта кога е убиена. Често после посетите на гробишта со нејзината мајка одиме во детската соба на Ксенија и ги гледаме нејзините спотови. Во тие мигови тагата е огромна, изјави Девиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1