Културно-уметничкото друштво од швајцарското место Цуг, на Фејсбук објавило фотографија од трагично загинатите Анџела Бачевиќ и Ивана Ивановиќ од Александровац, кои во понеделникот биле удрени од гром.
Анџела ќе биде погребана утре во 13 часот на гробиштата во Александровац, а местото и датумот на погребот на другото девојче сè уште не се познати.
Анџела и Ивана загинале од удар на гром за време на силното невреме кое вчера ја зафатило Жупа. Двете девојчиња живееле во Швајцарија, а во Србија биле на распуст.
Според изјавите на очевидците, Анџела и Ивана по силното невреме биле погодени од гром на Крушевачка улица на тротоар. Анџела починала на самото место, додека лекарите од крушевачката болница два часа се бореле за животот на Ивана, но без успех.Девојчињата по ударот биле пренесени со возила на Итна помош во болница, каде лекарите ја констатирале смртта на Анџела, додека Ивана во кома била префрлена во интерното одделение, каде лекарите се обиделе да ја реанимираат.
Покрај тоа што биле најдобри другарки, тие неверојатно личеле една на друга, поради што многумина кои ги видоа нивните фотографии помислија дека се работи за едно девојче на двете фотографии.
Девојките вчера, како и многупати дотогаш, времето го поминувале заедно. Биле на базен, а загинале враќајќи се дома по невремето кое го зафатило Александровац. Ги погодил гром.
Девојчињата живееле во швајцарскиот кантон Цуг, кој се наоѓа во средиштето на оваа земја. Биле најдобри другарки, заедно учеле и заедно загинаа.
На седницата на Градското собрание било одлучено на семејствата на настраданите, доколку е тоа неопходно, да им се додели помош. Инаку, во текот на денот на местото на несреќниот настан граѓаните и пријателите палеле свеќи и положувале цвеќе оддавајќи им почит на девојчињата.