Во Новочеркасу со највисоки воени почести, е погребан рускиот војник, Александар Позинич, кој загина во Сирија, за време на операцијата за спасување на пилотот од авионот кој го собори Турција, јавува АФП.
Позинич загина во вторникот, кога сиријските бунтовници пукаа на хелкипотерот Ми-,8 во кој се наоѓаа руските маринци и се наоѓаа во спасувачка мисија, а притоа мораше принудно да слета на неутрална сиријска територија, соопшти Министерството за одбрана.
Маринецот, Позинич (29) беше војник под договор, со 10-годишно искуство. Тој е погребан во својот роден град Новочеркасу, на југот во Русија, информира државната телевизија.
Претседателот на Русија, Владимир Путин постхумно го одлукува со орден за храброст за улогата што ја имаше во операцијата за спасување на пилотот од авионот Су-24, кој беше соборен од труски воени авиони.
Околу 1.000 луѓе, вклучувајќи и другари на Позинич, како и Козаци, положија цвеќе на неговиот ковчег, кој подоцна беше положен во меморијалниот воен комплекс наречен Авенија на славните.