Четворица тинејџери на возраст од 17 до 19 години загинаа во страшна сообраќајна несреќа која се случи утринава во близина на Солун.
Само една девојка од автомобилот на смртта поминала со тешки повреди и итно е хоспитализирана, останатите починале на лице место кога од засега неразјаснети околности, во 3 часот и 30 минути утрово, нивниот автомобил загубил контрола и се превртел.