Тајчи завршила на операција во исто време со сопругот


Откако Метју Камерон, сопругот на хрватската пејачка Татјана Камерон-Тајчи, повторно завршил на операција поради тешката болест, на операција завршила и Тајчи, потврдил Метју на својот профил на Фејсбук и додал дека не е ништо сериозно во прашање и дека нејзината операција била од порано планирана.

„Операцијата помина добро. Ми отстранија 750 милилитри течност од белодробната марамица. Поради операцијата мораа да ме „симнат“ од морфиумот и тоа беше неиздржливо. Не можев да дишам, срцето почнуваше лудо да ми чука поради најмало движење со раката, не бев во состојба ниту да избришам солза од лицето. Татјана е во моментот на операција. Не е ништо сериозно и планирано беше многу порано. Разочаран сум поради тоа што не можев да бидам покрај неа. Беше покрај мене цело време и сигурно и било многу потешко да ме гледа како страдам“, напишал Метју и додал дека ќе остане во болницата уште неколку дена, за лекарите да следат како ќе реагираат неговите бели дробови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1