Научниците откриле дека предците на човекот, уште во каменото доба, 6.000 години пред нашата ера, користеле брашно.
Овие тврдења биле објавени во списанието Science, а како доказ истражувачите приложиле резултати од ДНК тестирања на седиментни карпи, во кои биле пронајдени трагови кои укажуваат на тоа дека нашите предци во мезолитот биле многу понапредни од тоа што мислиме.
ДНК-та извлечена од седиментните карпи укажува на присуство на житарки, најверојатно пченица, која била користена во форма слична на брашно.
“Користењето на пченица постоело многу порано од тоа што можеме да замислиме. Тоа е комплексен процес за која сега знаеме малку. Се обидуваме да дознаеме повеќе, но само ова сознание претставува револуционерно откритие”, вели професорот Винс Гафри, од универзитетот во Бредфорд.
Истражувањето било извршено во областа Солент во Велика Британија, на место кое е заштитено археолошко наоѓалиште. Денес се наоѓа под вода, но пред 6.000 години било копно кое го населувале луѓето во праисторијата.