Тајните кои цвеќарите никогаш нема да ви ги откријат


Има неколку тајни кои цвеќарите никогаш нема да ви ги кажат и доколку не се разбирате во цвеќарство ќе гледаат да ги продадат цвеќињата макар и да се постари, а при тоа вие нема да знаете за тоа. Еве неколку тајни за да одберете цвеќе кое подолго ќе го краси вашиот дом.

Сакратете го стеблото под агол

crveno-cveke1-564x272Наместо со остар нож да го отсечете крајот на стеблото. тоа направете го нежно и под агол од 45 степени, а сечењето извршете го во мал сад наполнет со вода. Со ова ќе го спречите влегувањето на кислород во стеблото, кое би можело да направи растението побрзо да остари. Купувајте цвеќе во понеделник Цвеќарите најчесто добиваат свежо цвеќе во понеделник. Ако сакате да знаете што ќе добијат во понеделник прашајте ги за време на викендот. Притиснете ја розата на врвот

Притиснете ги ливчињата на розите на врвот, каде што се поврзани сите. Ако се цврсти значи дека се свежи, ако тој дел е мек значи дека цвеќињата не се баж свежо набрани и за кратко време ќе овенат.

Пакувањето не е единственото нешто што треба да им го додадете на цвеќиња

cvekjeВиткањето има голема улога во целокупниот впечаток, но има и неколку трикови. Стерилизирајте ја вазната со варакина и исплакнете ја убаво. Додајте вода, малку шеќер и ставете бакарна монета. Шеќерот ќе ги обезбеди сите хранливи материи кои му се потребни на растението и ќе го забави овенувањето на цвеќињата. Постои причина зошто цвеќињата се прскаат

Сигурно сте виделе како цвеќарите ги прскаат букетите со вода неколкупати во текот на денот. Рачката на цветот не е единствената која апсорбира вода затоа од време на време прскајте ги ливчињата на цвеќињата. Многу често цветовите се прскаат и со спреј за кога бидејќи така подолго време ќе ја задржат својата боја. Чувајте го цвеќето подалеку од овошје и оган

5-Znachenjeto-na-cvekjinjata-www.kafepauza.mk_

Овошје и другите билки произведуваат етилен, кој го забрзува овенувањето на букетот. Како и со овошјето, така доколку цвеќето е блиску до оган, оганот ќе ја поттикне неговата дехидрација, сушење и овенување. Исто така треба да избегнете цвеќињата да се под директна светлина. Изборот на вазна е важен
Изберете вазна во која ќе може цвеќето да цвета. Покрај тоа не се плашете редовно да ги кратите стеблата.

Избегнувајте онлајн нарачки на цвеќе

Поради некој повод при кој сакаат да изненадат, мажите се одлучуваат да наралаат цвеќе по интернет, но квалитетот може да биде лош. Многу често може да се случи да добиете комбинација на цвеќињата кои не сте ги нарачале затоа што цвеќето кое сте го виделе на сликата го нема тој ден во цвеќарницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1