Се шпекулира дека уште од 2008 година претседателот на Русија има 30 години помлада љубовница. Ритмичката гимнастичарка Алина Кабаева е видена во Москва во друштво на двете деца, чија возраст не е позната, како го следи спектаклот во лизгање.
Еден од сведоците тврди дека забележале дека гламурозната Алина носи свршнички прстен којшто се обидувала да го скрие од камерите, пренесува британски „Дејли мејл“. Гимнастичарката не потврдила чии се децата и со кого се свршила.
Приватниот живот на Владимир Путин (63) се држи во тајност, иако минатата година се шпекулираше дека Кабаева е бремена пак.Постоеле гласини дека Кабајева била бремена минатиот мај, кога присуствувала на женско гимнастичарско натпреварување во Москва, каде носела црвена тоалета која очигледно го криела стомакот. Во октомври истата година, таа за прв пат била забележана со прстен на десната рака.
Рускиот претседател во 2013 се разведе од сопругата Људмила. Исто така, и Кабаева, која е олимписки шампион, во неколку наврати демантирала дека има врска со Путин.
– Имам приватен живот во кој не дозволувам никој да ми се меша, треба да го почитувате – рекол Путин во едно од интервјуата.
Една веб страна тврди дека Кабајева сигурно има деца, но дека идентитетот на таткото останува мистерија. Таа ретко се појавува во јавност, но кога тоа се случува покрај себе има големо обезбедување, за кое се претпоставува дека е организирано од владата.
Се тврди таа и Путин ја започнале врската во 2008. година, за што пишувале и бројни московски медиуми. Истите тврдења ги имал и поранешниот шпион на КГБ, Александар Лебедев.