Тајзи гори во новите песна и спот (ВИДЕО)


„Гори“ е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната е на македонски јазик и како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи .Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која беше вистински хит изминатата година и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот Балкан.
„Гори“ е снимена во студиото на еден од најдобарите продуценти во Македонија , Лазар Цветковски кој беше награден со Златна Бубамара на популарноста за 2018 година , автор на многу хитови на наши артисти како и на балкански музички ѕвезди. Тој е дел и од овогодинашниот евровиски тим на Тамара кој не претставуваше во Израел.

Музиката и текстот се на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.
Спотот е во режија на Даниел Јовески , наградуван режисер, кој застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот.

„Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш повторно.
Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и жонглерската група од Битола – Acid Triple“- вели Тајзи.
Наскоро од Тајзи може да очекуваме уште една песна на српски јазик La Bonboniera за која ќе се снима спот во Белград , кој ќе го работи Владимир Бјелобаба од Балкатон продукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1