Таксист претепан на „Партизанска“, патници го удриле со шише во глава


Вчера во 03.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) од Скопје-такси возач, пријавил дека истиот ден околу 01.20 часот на бул. „Партизански Одреди“ во патничко возило бил физички нападнат од две непознати лица. 

Двете лица се качиле во такси возилото и сакале да запалат цигара, но тој не им дозволил.

Откако стигнале до бул. „Партизански Одреди“ едно од лицата почнало да го удира по глава,а другото лице со стаклено шише го удрилo во пределот на главата, по што и двајцата побегнале.

На Ч.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1