Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(59) од Ботуше, Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Пријавениот на 18 август годинава околу 12.30 часот во населбата Циглана во Гостивар на улицата пред неговиот дом забележал таксист кој управувал возило марка ,,Голф,, и откако запрел во близина на неговиот дом со лопата која ја имал во раце почнал да удира по возилото.
Со цел да спречи оштетување на неговото возило таксистот излегол од возилото по што започнала вербална расправија, а од удар со лопатата таксистот се здобил со повреда на левата рака.
Од преземени мерки било утврдено дека причина за расправијата била неизвршена такси услуга, по што З.Ѓ. му упатил закани да не поминува со такси возилото пред неговата куќа.