Познатата пејачка Тамара Тодевска на социјалните мрежи објави фотографија на која овој пат во преден план е малечката Хана.
– Прва прошетка во маало – напишала Тодевска на фотографијата на која нејзиниот сопруг Мачка ја бутка количката со малечката со Хана.
Инаку, Тамара се породи пред неколку дена во приватната клиника „Аџибадем Систина“ во Скопје.