Тарантино: Полански не го силуваше девојчето, таа тоа го сакаше!


Во јавноста протече контроверзното интервју, во кое холивудскиот режисер Квентин Тарантино се обидува да го оправда својот колега, обвинет за силување на 13-годишно девојче.

Откако актерката Ума Турман проговори за вмешаноста на Тарантино во автомобилската несреќа на снимањето на филмот „Убиј го Бил“, што за малку ја чинело живот, во јавноста протече и снимката од интервјуто во кое може да се слушне како познатиот режисер се обидува да најде оправдување за режисерот Роман Полански, кој во 1977 година беше обвинет за силување на 13-годишната Саманта Гејмер.

Откако беше прогласен за виновен за сексуален однос со малолетно лице, Полански ги напушти САД и пронајде засолниште во Франција.

Многу познати холивудски личности застанаа на страната на Полански до денес, вклучувајќи го Тарантино, кој во 2013 година во емисијата на Хауард Стерн го бранел својот колега.

На снимката, која стаса во јавноста оваа недела, може да се слушне како Тарантино тврди дека Саманта Гејли во тоа време доброволно излегувала на состаноци со Полански (режисерот тогаш бил во своите 40-ти години од животот) и дека доброволно се впуштила во сексуални односи со режисерот.

– Полански не го силуваше 13-годишното девојче. Според законот, тоа беше силување. Но, тоа не е истата работа. Да, имаше секс со малолетничка, но тоа не е силување. Кога ќе го употребите зборот „силување“, за мене тоа е еден исклучително насилен чин. Но, користењето на тие зборови може да се сведе на денешната употреба на зборот „расистички“. Се користи за сè и сешто, а не е врзан за многу работи за кои се употребува – рекол Тарантино.

На прашањето дали Полански го наговорил девојчето на сексуален однос, Тарантино одговорил дека „таа самата тоа го сакала“.

– Зборуваме за американскиот морал, не за европскиот. Слушајте, таа тоа го сакала – заклучил Тарантино на општа шокираност на водителот.

Инаку, Роман Полански е клучниот лик во новиот филм на Квентин Тарантино, во чие средиште се наоѓаат убиствата од страна на членовите на сектата на Чарлс Менсон од 1969 година. Членовите на култот на Чарлс Менсон упаднале во куќата на Полански таа година и ја убиле неговата сопруга Шерон Тејт, која се наоѓала во поодмината фаза на бременост.

– Таа девојка знаела во што се впушта. Според моето мислење, зборот силување може да се користи само кога се зборува за насилен секс, фрлање на земја и тоа е еден од најгрубите злосторства во светот – рекол тогаш Тарантино, кој тврди дека Полански е виновен само затоа што спиел со малолетна девојка, а не и поради силување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1