Таравари се брани: Демиров бегал од клиника


Министерот за здравство, Арбен Таравари, реагираше околу случајот со Муарем Демиров, за кој денеска реагираше Хелсиншкиот комитет, барајќи му одговорност бидејќи е несоодветно сместен во ЈЗУ „Психијатриска болница“ Бардовци, место да му се направи операција против гангрена на Клиниката за торако-васкуларна хирургија. Според Таравари, Демиров навистина има одредени психо-органски проблеми и неколкупати бегал од Клиниката за торако-васкуларна хирургија каде требало да му биде извршена интервецијата.

– Пациентот не седеше таму, беше видно вознемирен, уште тогаш консултиравме психијатар. Сега за жал тој заврши во Бардовци, меѓутоа дека пациентот има психички проблеми тоа е сигурно. Дали е за Бардовци не можам со сигурност да кажам, можам денеска уште еднаш да се распрашам и во сабота ви одговорам точно за што се работи. Знам дека кога го хоспитализиравме во тараковаскуларна тој неколку пати бегаше, рече Таравари одговарајќи на новинарски прашања при учеството на активностите за одбележување на Светскиот ден на Алцхајмерова болест.

Тој додаде дека таму требало да се интервенира и третира, но, оти имало проблем тоа да се направи.

– Најодговорно ви тврдам дека јас сум го видел пациентот, сум го посетил, има психо-органски синдром што е психијатриска дијагноза, гарантирам и тврдам. Во текот на денешниов ден ќе се распрашам, меѓутоа дека имаше синдром тоа најдоговорно го тврдам, рече Таравари и најави дека уште денеска ќе се преземат соодветни чекори и активности да се третира онака како што треба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1