Таравари: Седумтемина гостиварци хоспитализирани на Инфективната клиника се во стабилна состојба


Седумтемина пациенти од Гостивар, кои се хоспитализирани на Инфективната клиника, се во стабилна состојба, информира министерот за здравство, Арбен Таравари.

Тој преку видеопорака објавена на „Фејсбук“ изрази сочувство за двајцата починати мажи од Гостивар.

Таравари, кој се наоѓа во посета на САД, информира дека вчера, по смртните случаи, веднаш се состанала Комисијата за заразни болести и се преземени соодветни мерки.

„Останатите седум луѓе што се хоспитализирани се во стабилна состојба и надвор од секаква опасност“, рече Таравари.

Инаку, денеска се очекува да биде познато од што починале двајцата мажи на возраст од 23 и 50 години. Лекарите се сомневаат во повеќе заразни болести кои се пренесуваат преку животни, меѓу кои хеморагична треска и туларемија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1