Таравари: Заев вети дека албанскиот јазик ќе биде официјален – сега е моментот


Алијанса за Албанците ќе бара уставни измени за албанската заедница да биде впишана како државотворен народ и албанскиот јазик да биде службен заедно со македонскиот. Ова вчера го истакна Таравари, според кој не е исклучена можноста партијата да го блокира собранискиот процес за уставни измени согласно Договорот со Грција, доколку не се исполнат нивните барања.

-Постојат органи на партијата ќе одлучат. Ова не условување, туку фер предлог од политичка партија која има конзистентни ставови и се придружува на работи кои му се ветени на албанскиот електорат, вели Таравари во изјава за ТВ Алфа.

-Господинот Заев предложи уште во 2016 дека албанскиот јазик ќе биде официјален и сега е моментот. Може со амандмани да ги затвориме сите овие прашања и после да работиме само на европската агенда, додава тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1