Тарчуловски бара од судијката да го пушти да го слуша Столтенберг во Собрание


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, до судијката Весна Димишкова која му одреди куќен притвор упати барање да присуствува на собраниската седница во четврток кога генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе се обрати пред пратениците, пишува А1он.

Според дописот, Тарчуловски наведува дека неговото присуство на седницата е во насока на неговите заложби и ветувања пред граѓаните за целосна интеграција на Македонија во евроатлантските структури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1