Тарчуловски се поклони пред Македонија со емотивен и силен говор


Јохан Тарчуловски се обрати пред илјадниците граѓани собрани на Плоштадот за да му посакаат добредојде дома.Тој истакна дека му се полни душата кога граѓани ги гледа обединети и сплотени што на македонската земја и на него му дава сила.

11042013181326_тарчуловскиМи се полни душата и срцето кога ве гледам обединети, сплотени-тоа е силата на оваа наша македонска земја. Тоа е она што на мене и на нас секогаш ни дава сила. Браќа и сестри, сакам да ви се заблагодарам за пречекот, почестен сум. Ви благодарам за целата поддршка на мене, моето семејство и мојот народ. Таа енергија, јас ја чувствував и таму и таа ми го јакнеше духот, ми помогна да победам се. Сите вие секогаш ќе можете да сметата за Јохан. Јас секогаш ќе останам со мојот македонски народ, порача Јохан.

Времето минато во затвор, Јохан го поминал учејќи ја животната лекција.

-Поминав тежок период, имам измешани чувства, но среќен сум што сум со вас и возбуден. По долго време се враќам дома, во мојата Македонија. Одделен од родната грутка, соочен сам со себе, размислував за се што се случи, анализирав. Научив животна лекција. Мислев на сите наши херои, на Гоце, на Даме, на Питу, на сите револуционери и борци, на моите соборци, на Тигрите, на Лавовие, на полицијата, резервистите, доброволците. Знаев дека никогаш не згрешив, бев во право. Треба да се собере сила и да го ставиш грбот во поткрепа на својот народ. На земјата која те родила да и се оддолжиш кога и требаш, истакна тој.

Јохан со силни емоции за Македонија, се обрати кон присутните.

-Од срцето на Македонија ќе кажам дека секогаш и секаде ќе бидам спремен за Македонија. Јас одговорив на повикот. Врвна чест и должност е да се брани својот дом, својот народ, својата Македонија. Сите ние треба да сме свесни-Македонија е нашата татковина! Секој од нас треба да прави се што може да вложува во Македонија. Само со заедништво можеме да ги добиеме сите битки, лошите работи да ги оставиме во минатото. Да се обединиме, тогаш сме силни. Така ќе не ценат повеќе, така и Бог ќе биде со нас, така Македонија ќе победи и ќе победува и натаму. Македонскиот народ е добар и работлив, знае да живее во слога со сите други граѓани без разлика на вера и нација. Но Македонскиот народ знае како да си ја брани својата земја. Има синови и ќерки кои животот ќе си го дадат за оваа Македонија, истакна херојот.

Јохан се заблагодари на својата сопруга и искажа колку му е тешко што неговите деца не растеле до него, но рече дека некој ден ќе сфатат каде и зошто бил нивниот татко. Тој се заблагодари до целото негово семејство, до премиерот, до Комитите, пријателите, до целиот народ кој го поддржувал.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1