Тарчуловски: Жртвата за Македонија нема цена


Вашата поддршка иако бев далеку многу  ми значеше. Вашата поддршка ми беше се. Се докажало на времето и се докажува и денеска дека жртвата за Македонија нема цена. Како што ќе рече Гоце Делчев за делото нема почеток и нема крај. Немам зборови да го искажам тоа што го чувствувам денеска.

ВИДЕО: JОХАН СЕ ВРАТИ ДОМА

johan-slobodenСо овие зборови на насобраните граѓани на скопскиот аеродром „Александар Велики“ им се обрати Јохан Тарчуловски веднаш по враќањето во Македонија, по осум години поминати во затвор.

– Во моите први зборови на ова свето македонско тло сакам да изразам голема, гоолема благодарност до сите македонски бранители, сите они кои се со нас сега и сите оние кои ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и да се цени. Помина долго врме, ми недостасувавте, ми недостасуваше Македонија. Им благодара на сите. Да живее Македонија, рече Тарчуловски.

Јохан кој со владиниот авион околу 15 часот пристигна на скопскиот аердором, на пистата беше пречекан од неговите деца и премиерот Никола Груевски.

По пречекот на скопскиот аеродром, предвидено е Јохан треба да има средба со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа во близина на Порта Македонија.

На плоштадот „Македонија“ во 16:30 часот ќе биде организирана и прослава во чест на враќањето на Тарчуловски на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.

Јохан Тарчуловски вчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од 12-годишната затворската казна што му ја изрече Хашкиот трибуналот за воени злосторства за случувањата во скопското село Љуботен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1