Tатко бара дозвола од претседателот за да си ги убие своите деца (Видео)


Мохд Назир од Индија му пишал на претседателот на државата и побарал од него да му дозволи да ги убие своите шест деца кои боледуваат од ретка невролошка болест.

Во писмото тој напишал дека сака да го прекине страдањето на своите деца кои се на возраст од 8 до 18 години и кои боледуваат од ретка болест. Станува збор за тешка дегенеративна состојба која почнува со вкочанетост на мускулите, зголемен раст на главата а наскоро потоа следи и губење на слухот, слепило, епилептични напади, ментална ретардација и парализа.tatko bara ubistvo
-Уморен сум од грижата за децата. Водам мала продавница и тоа се што можам да направам за нив, изјавил Назир при тоа додавајќи дека сите деца му се неподвижни.
Тој побарал дозвола од претседателот на Индија да изврши еутаназија врз своите деца бидејќи нема повеќе можности да ги лечи.
-Семејството живее во болка и страдање. Не го сакам тоа за моите чеда, додал тој.
Тој и сопругата Табасум имаат уште две здрави деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1