Татко ги избоде со нож бебињата стари 40 дена – едното почина, другото се бори за живот


Близнаци стари 40 дена избодени се во понеделник во Штрбац, Србија, а полицијата се сомнева дека тоа го направил нивниот татко.lenta policija 43

Едното бебе починало додека другото е префрлено во Клиничкиот центар во Ниш.
Управникот на хируршкото одделение во Грачаница, за РТС вели дека се работи за близнаци од машки пол, стари 40 дена.

Тој рече дека едното бебе било довезено мртво, додека другото во тешка состојба било веднаш префрлено во Ниш.

Здравствената состојба на ранетото бебе е стабилизирана и тоа е надвор од животна опасност, додава лекарот.

Тој во изјава за полицијата вели дека по расправија со својата сопруга му паднал мрак пред очи по што го извршил убиството врз едното од бебињата, а другото за среќа го спасила неговата сопруга.

Ана скокнала на него кога почнал да ги боде бебињата, и успеала да го спаси едниот син, додека другиот за жал починал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1