Татко го киднапирал како бебе, мајката го нашла по 30 години


Мајката на 37-годишниот маж, кој додека бил бебе, бил киднапиран од таткото и однесен во Мексико, го нашла синот откако се вратил во САД. Кети Амаја изјави дека синот не го видела повеќе од 30 години, иако го барала и се обидела да го пријави неговото исчезнување, пренесува Нова Македонија.

13112013185425_dejvid amaja-Отидов да го пријавам неговото исчезнување, но ми рекоа дека не можат ништо да направат затоа што е во Мексико- изјави Кети.

Дејвид Амаја бил одгледан од бабата и дедото во Мексико и тој не говори англиски. Татко му му рекол дека е Американец, но премолчел дека го одвел од земјата без согласност на мајката.

-Татко ми ми рече дека мајка ми ме напуштила. Не ја познавав мајка ми, а сега, дознавам дека ме бара 30 години и многу сакам да ја запознаам- вели Дејвид.

Таткото и тетката го однеле во Мексико, наводно на еден месец во посета на бабата и дедото, но таткото го оставил кај нив и исклучително ретко го посетувал. Дејвид на 30 октомври  без документи ја преминал американско-мексиканската граница, па американските цариници и граничната полиција два дена го држеле во притвор.

-Не ми веруваа дека сум Американец-вели Дејвид, додека граничната полиција тврди дека се занимавале со неговиот случај, нашле копија од крштеницата во која пишува дека е роден во Чикаго во 1976 година, и ја повикале неговата мајка.

Дејвид нашол уточиште во црквата во Сан Диего, чии свештеници собирале пари за да може да отпатува во Висконсин и да ја види својата фамилија. Тој во меѓувреме разговарал со мајката по телефон, и иако не знае англиски, било многу трогателно.

-Рече дека не ми се лути и јас сум многу среќна поради тоа- раскажува Кети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1