Татко го застрелал двегодишниот син додека се расправал со мајката (Видео)


Во Кливленд се случи трагедија при што во кавга меѓу родителите, таткото случајно го застрелал својот двегодишен син.

1237237-1Мажот го убил својот двегодишен син со истрел од пиштол низ прозорец додека се карал со мајката на детет. Засега не е познато дали родителите на детето биле сопружници и дали живееле заедно.

Момчето стоело на врвот на скалите во куќата кога во глава е погоден со куршум. Детето е пренесено во болница каде и починало.

Таткото побегнал, но полицијата набрзо го нашла и го упасила. Засега против него не е покрената кривична пријава.

Шефот на полицијата Калвин Вилијамс соопшти дека таткото на детето е осудуван криминалец, кој не смеел да поседува оружје.

Одбил да открие поради што е осудуван. Полицијата истражува како го набавил оружјето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1