Татко и син претепаа директор на гимназија


На 09.09.2016 година во 13.50 часот во ПО Галате, Б.Р. (45) од с.Неготино пријавил дека во с.Неготино во дворот на гимназијата, Б.Д. (42) од с.Неготино и неговиот седумнаесетгодишне син, ученик во школото, физички го нападнале директорот на гимназијата К.Р. (43) од с.Топлица, при што го удирале со тупаници во пределот на главата.policija-345

Истиот бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што му била укажана лекарска помош и констатирана скршеница на носот.

Увид на место то на настанот извршила увидна екипа од ПС Гостивар. По преземени мерки лицата се приведени во ПС Гостивар, со истите е извршен разговор.

По целосно документирање на случајот против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1